Проанги спреј

Проанги

Проанги е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др.

1Опис

ДЕЈСТВО:

Проанги е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Проанги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии (20 соеви на staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicilin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tuberculosis, brucellosis.

Проанги двојно е поефикасен при Гр+ бактерии.

Противоспалителниот ефект на Проанги се должи на дејството на жалфијата и флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот.

Тие го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект.

Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип, како и Candida albicans. Проанги активно учествува во имунолошкиот одговор на организмот, го активира комплементот и ја зголемува фагоцитната активност на серумот.

Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот врши активирање на алтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта.

Антимикробните супстанци се термостабилни.

Проанги со својата трофично-гранулациона активност поради зголемената митотичка активност на фиброцитите брзо ја враќа оштетената лигавица во нормална состојба.

Етеричните масла имаат противвоспалителен ефект, ја намалуваат болката при голтање и го олеснуваат дишењето.

Придобивки:

  • има пријатен мирис и вкус и го отстранува непријатниот мирис од устата;
  • не ја нарушува нормалната флора и не предизвикува резистетност кај бактериите;;
  • не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите.
  • ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка апликација при потешки болни состојби.

ИНДИКАЦИИ:

Акутни и хронични заболувања на ждрелото и горните респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Проанги не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на лекувањето.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

3-4 напрскувања, 3 пати на ден, половина час пред јадење.

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси. Да не се надминуваат препорачаните дози.

2Состав
  • 20.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
  • 0.3gr Жалфија (Salviae off.);
  • 0.6gr Нане (Menthae Piperitae)
  • ;
  • 0.5gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
  • 0.1gr Еукалиптус (Oleum Eucalyptus);
  • 0.3gr Ментол (Menthol);
  • Разреден алкохол (Aethanolum Dilutum).
3Чување
На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!
4Рок на употреба
  • 5 години
  • втиснат на надворешната амбалажа
  • последна ревизија на упатството 04/2015
5Пакување
20ml спреј во стаклено шишенце / картонска кутија.

Други производи