Пробеби бронхи

Пробеби бронхи

Пробеби бронхи е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Пробеби анги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии: 20 соеви staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicillin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tubercu-losis, brucellosis.

1Опис

ДЕЈСТВО:

Двојно е поефикасен при инфекции предизвикани од Гр+ бактерии. Антисептичкиот и противоспалителниот ефект на Пробеби анги се должи на дејството на жалфијата, анисот и другите етерични масла. Флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект.

Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип. Антимикотичното дејство на Пробеби анги е насочено и кон сите соеви на Candida albicans.

Пробеби анги активно учествува во имунолошкиот одговор.

Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот во серумот, го активира алтернативниот пат на комплементот со што ја зголемува фагоцитната активност на серумот и ги покачува вредностите на аглутинините во крвта. Етеричните масла (жалфија, нане, феникули и др.) имаат антисептичен и противвоспалителен ефект, ги намалуваат грчевите и напнатоста во стомакот на доенчето/детето, ги регулираат гасовите, ја намалуваат болката при голтање, а со тоа го олеснуваат хранењето. Етеричните масла (нане, еукалиптус и ментол) го олеснуваат дишењето.

Придобивки:

  • има пријатен вкус и доенчињата/децата лесно го поднесуваат;
  • лесно го отстранува непријатниот мирис од устата;
  • не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите.
  • ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка употреба при потешки болни состојби.

ИНДИКАЦИИ:

Традиционално се употребува при акутни и хронични заболувања на ждрелото, горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на забите.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Пробеби анги не треба да го употребуваат лица алергични на состојките на препаратот.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

За деца од 1 до 3 години: до 30 капки во текот на денот, поделени во 3 до 4 дози пред јадење или со премачкување на непцата и лигавицата на усната шуплина.

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси. Да не се надминуваат препорачаните дози.

2Состав
  • 5.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
  • 0.1gr Жалфија (Salviae off.);
  • 0.3gr Нане (Menthae Piperitae);
  • 0.1gr Анис (Pimpinella Anisum);
  • 0.6gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
  • Пропилен гликол (Propylene glycolum).
3Чување
На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!
4Рок на употреба
  • 5 години
  • втиснат на надворешната амбалажа
  • последна ревизија на упатството 04/2015
5Пакување
10 ml капки во стаклено шише со капалка / картонска кутија
6Стручно мислење

Други производи