ДЕЈСТВО:

Проанги е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Проанги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии (20 соеви на staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicilin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tuberculosis, brucellosis.

Проанги двојно е поефикасен при Гр+ бактерии. Противоспалителниот ефект на Проанги се должи на дејството на жалфијата и флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот. Тие го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект. Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип, како и Candida albicans. Проанги активно учествува во имунолошкиот одговор на организмот, го активира комплементот и ја зголемува фагоцитната активност на серумот. Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот врши активирање на алтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта.

Антимикробните супстанци се термостабилни.

Проанги со својата трофично-гранулациона активност поради зголемената митотичка активност на фиброцитите брзо ја враќа оштетената лигавица во нормална состојба.

Етеричните масла имаат противвоспалителен ефект, ја намалуваат болката при голтање и го олеснуваат дишењето.

Проанги има пријатен мирис и вкус и го отстранува непријатниот мирис од устата.

Проанги не ја нарушува нормалната флора и не предизвикува резистетност кај бактериите.

Проанги ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка апликација при потешки болни состојби.

ИНДИКАЦИИ: Акутни и хронични заболувања на ждрелото и горните респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата

КОНТРАИНДИКАЦИИ: Проанги не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на лекувањето.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  •  до 30 капки на ден, распределени во 3 дози пред јадење. Инхалација: 30 капки во врел чај од босилок 2 пати на ден

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси.


Да не се надминуваат препорачаните дози..

Предупредување


 

 

Произведува “APIMEL” DOOEL,
Argir Marincev 3, 6000 Ohrid, Macedonia.
Phone/Fax: +389(0)46 256594; www.apimell.com; www.drbacheff.org;
www.rozacea-treatment.coм.
e-мail:contact@apimell.com;
facebook: Apimell Dr.Bacheff

Состав

  • 20.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
  • 0.3gr Жалфија (Salviae off.);
  • 0.6gr Нане (Menthae Piperitae);
  • 0.5gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
  • 0.1gr Еукалиптус (Oleum Eucalyptus);
  • 0.3gr Ментол (Menthol);
  •  Разреден алкохол (Aethanolum Dilutum).

Чување

На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!

Пакување

нето 10ml во стаклено шишенце со капалка / картонска кутија.

Рок на употреба

5години.

Втиснат на надворешната амбалажа.

Последна ревизија на упатството 04/2015