ДЕЈСТВО:

ПРОАФТОЛ е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др). Носители на фармакодинамското дејство на Проафтол се прополисот и жалфијата, а побрзиот анестетичен ефект е овозможен со анестезин.
Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии (20 соеви на staphylococcus вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicilin gentamicin, lincomicin, cloxacilin) 10 соеви на Streptococcus,Enterococcus, Proteus, Myc.tuberculosis,brucelosis.
ПРОАФТОЛ двојно е поефикасен при Гр+бактерии. Противоспалителниот ефект на Проафтол се должи на дејството на жалфијата и флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот. Тие го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект. Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитатадреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип, како и Candida albicans.
ПРОАФТОЛ активно учествува во имунолошкиот одговор на организмот, го активира комплементот и ја зголемува фагоцитната активност на серумот. Зголемувајки ја вредноста на пропердинот врши активирање наалтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта.
Антимикробните супстанции се термостабилни.

ПРОАФТОЛ ја препокрива оштетената лигавица со тенок филм. Ја зголемува митотичната активност на фиброцитите. Анестетично трофично-гранулациониот ефект доведува до намалување на болката и регенерација на лигавицата.

Етеричните масла имаат противвоспалителен ефект, ја намалуваат болката при голтање и го олеснуваат дишењето.

ПРОАФТОЛ има пријатен мирис и вкус, брзо го отстранува непријатниот мирис од устата, не ја нарушува нормалната флора во усната празнина и не предизвикува резистетност на бактериите.
ПРОАФТОЛ ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка апликација при потешки болни состојби.

Индикации: Афти, гингивити и стоматити, кандидијазис, херпес симплекс инфекции, трауматски улкуси.

Контраиндикации: Проафтол не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на лекувањето.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  •  со прскање на оболената лигавица 3-4 пати на ден. По напрскувањето 15 мин. да не се внесуваат течности и храна

НАПОМЕНА:

Препаратот на ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат.


ПРИКАЗ НА СЛУЧАИ:


 

Стручно мислење Клиничка студија

 


 

 

Произведува “APIMEL” DOOEL,
Argir Marincev 3, 6000 Ohrid, Macedonia.
Phone/Fax: +389(0)46 256594; www.apimell.com; www.drbacheff.org;
www.rozacea-treatment.coм.
e-мail:contact@apimell.com;
facebook: Apimell Dr.Bacheff

Состав

  • 25% прополис во разреден алкохол,
  • етерични масла на: жалфија 0,4 г.;
  • нане 0,6 г.; аниси 0,3 г.;
  • ментол 0,6 г.;
  • анестезин 3,0 г. во 100 мл.