ДЕЈСТВО:

Пробеби бронхи супер е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Пробеби бронхи супер се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии: 20 соеви staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicillin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tuberculosis, brucellosis.

Двојно е поефикасен при инфекции предизвикани од Гр+ бактерии. Антисептичкиот и противоспалителниот ефект на Пробеби бронхи супер се должи на дејството на жалфијата, анисот и другите етерични масла. Флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект. Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип. Антимикотичното дејство на Пробеби бронхи супер е насочено и кон сите соеви на Candida albicans.

Пробеби бронхи супер активно учествува во имунолошкиот одговор. Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот во серумот, го активира алтернативниот пат на комплементот со што ја зголемува фагоцитната активност на серумот и ги покачува вредностите на аглутинините во крвта. Етеричните масла (тими, анис, феникули) ја смируваат кашлицата, а со размекнување на густата слуз го олеснуваат искашлувањето, со што се олеснува дишењето. Имаат противвоспалителен ефект, ги намалуваат грчевите и напнатоста во стомакот на доенчето/детето. Ги регулираат гасовите, ја намалуваат болката при голтањето, а со тоа го олеснуваат хранењето.

Пробеби бронхи супер има пријатен вкус и доенчето/детето лесно го поднесува.

Пробеби бронхи супер брзо го отстранува непријатниот мирис од устата.

Пробеби бронхи супер не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите.

Пробеби бронхи супер ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка употреба при потешки болни состојби.

ИНДИКАЦИИ: традиционално се употребува при акутни и хронични заболувања на горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на забите.

КОНТРАИНДИКАЦИИ: Пробеби бронхи супер не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • За деца над 3 години: до 30 капки во текот на денот, поделени во 3 до 4 дози пред јадење или со премачкување на непцата и лигавицата на усната шуплина.

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси.


Да не се надминуваат препорачаните дози..

Предупредување


 

Стручно мислење

 


Произведува “APIMEL” DOOEL,
Argir Marincev 3, 6000 Ohrid, Macedonia.
Phone/Fax: +389(0)46 256594; www.apimell.com; www.drbacheff.org;
www.rozacea-treatment.coм.
e-мail:contact@apimell.com;
facebook: Apimell Dr.Bacheff

Состав

  • 10.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
  • 0.1gr Жалфија (Salviae off.);
  • 0.4gr Нане (Menthae Piperitae);
  • 0.1gr Анис (Pimpinella Anisum);
  • 0.5gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
  • 0.2gr Мајчина душица (Thymus Vulgaris);
  • 0.1gr Ментол (Menthol);
  • Пропилен гликол (Propylene glycolum).

Чување

На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!

Пакување

10 ml капки во стаклено шише со капалка / картонска кутија.

Рок на употреба

5години.

Втиснат на надворешната амбалажа.