ДЕЈСТВО:

 

Пробеби анги супер спреј е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Пробеби анги супер спреј се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии: 20 соеви staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicillin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc.tuberculosis, brucellosis.

Двојно е поефикасен при инфекции предизвикани од Гр+ бактерии. Антисептичкиот и противоспалителниот ефект на Пробеби анги супер спреј се должи на дејството на жалфијата, анисот и другите етерични масла. Флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект. Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип. Антимикотичното дејство на Пробеби анги супер спреј е насочено и кон сите соеви на Candida albicans.

Пробеби анги супер спреј активно учествува во имунолошкиот одговор. Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот во серумот, го активира алтернативниот пат на комплементот со што ја зголемува фагоцитната активност на серумот и ги покачува вредностите на аглутинините во крвта. Етеричните масла (жалфија, нане, феникули и др.) имаат антисептичен и противвоспалителен ефект, ги намалуваат грчевите и напнатоста во стомакот на доенчето/детето, ги регулираат гасовите, ја намалуваат болката при голтање, а со тоа го олеснуваат хранењето. Етеричните масла (нане, еукалиптус и ментол) го олеснуваат дишењето.

Пробеби анги супер спреј има пријатен вкус и доенчињата/децата лесно го поднесуваат.

Пробеби анги супер спреј лесно го отстранува непријатниот мирис од устата.

Пробеби анги супер спреј не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите.

Пробеби анги супер спреј ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка употреба при потешки болни состојби.

ИНДИКАЦИИ: традиционално се употребува при акутни и хронични заболувања на ждрелото, горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на забите.

КОНТРАИНДИКАЦИИ: Пробеби анги супер спреј не треба да го употребуваат лица алергични на состојките на препаратот.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • За деца над 3 години: по 3-4 напрскувања, 3 пати на ден, половина час пред јадење

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси.


Да не се надминуваат препорачаните дози..

Предупредување


 

 

Произведува “APIMEL” DOOEL,
Argir Marincev 3, 6000 Ohrid, Macedonia.
Phone/Fax: +389(0)46 256594; www.apimell.com; www.drbacheff.org;
www.rozacea-treatment.coм.
e-мail:contact@apimell.com;
facebook: Apimell Dr.Bacheff

Состав

  • 10.0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
  • 0.2gr Жалфија (Salviae off.)
  • 0.4gr Нане (Menthae Piperitae);
  • 0.1gr Анис (PimpinellaAnisum);
  • 0.5gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
  • 0.1gr Еукалиптус (Ol. Eucalyptus),
  • 0.1gr Ментол (Menthol);
  • Пропилен гликол (Propylene glycolum).

Чување

На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!

Пакување

Спреј нето 20ml во стаклено шишенце / картонска кутија;

Рок на употреба

5години.

Втиснат на надворешната амбалажа.

Последна ревизија на упатството 04/2015