Vulgaris

КЛИМАТОТЕРАПИЈА СО БИОСТИМУЛИРАНА ПИГМЕНТАЦИЈА КАЈ ПАЦИЕНТ СО PSORIASIS VULGARIS И ЕВАЛУАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ВО ТЕК НА ТРИ ГОДИНИ

– Вовед:

–  Климатотерапијата во терапијата на Psoriasis vulgaris е докажана тераписка метода.ВеЌе неколку години ја применуваме во Охридскиот регион и кај нумуларната форма на псоријаза е метода на избор,посебно кај помладата популација.

–  Методи и матерјал: Прикажуваме случај на пациент, девојка, на 17-годишна возраст кое во последните три години е лекувано со климатотерапија.

– При првиот преглед, јануари 2006 год. кај пациентката се гледат по цело тело и екстремитетите и  лицето еритемосквамозни промени со сребренести сквами. На места густата, повеќе нумуларни со тенденција да конфлуираат помеѓу себе, како и екскоријации од свработ.

Пред третман – Април 2006

  • ДЕСКВАМАЦИЈА

По направените анализи пристапивме кон десквамација на промените уреа/салицил препарати изготвени во нашата галенска лабораторија.

  • ИНСОЛАЦИЈА

Во месец јуни 2006 година пациентката ја изложивме на сонце во утринските часови со претходно планирана динамика. За време на инсолацијата пациентката ја третиравме со растителни масла.

Во тек  на 21 ден пациентот беше иложен на сонце околу 60 часови

2006 ОКТОМВРИ- РЕЗУЛТАТИ

– За 21 ден постигнавме добра пигментација, а на местата на постојната псоријаза остана дискретни леукодермични промени

– Промените на лицето целосно исчезнаа

– Видливи нови промени, рецидив, кај пациентката несе забележаа. Во текот на зимата за време на зимскиот распуст пациентката во три наврати престојуваше на Галичица и вкупната зимска инсолација траше 3 часа. Во тек на зимата и пролетта болеста беше во комплетна ремисија.

Инсолација во зимски услови

2007 ЈУЛИ – РЕЗУЛТАТИ

– Летото 2007 година го  повторивме сончањето

– На крај на јули исчезнаа сите леукодермични промени

2009  РЕЗУЛТАТИ

– Во 2008 и 2009 година пацентката беше обучена за третманот, на повремените контроли не се забележа рецидив на болеста

– Заклучок: Климатотерапијата за некои видови на псоријаза е третман за избор. Посебно кај помлада возраст кога третманот може да се изведува во природа поврзан со забава и игра